Зошто да носите потпетици кога постојат вакви рамни чевли?

16 август 2016

Една од најпопуларните светски трендсетерки и миленичка на девојките кога станува збор за стилот, Оливија Палермо, ова лето нѐ учи како да носиме рамни чевли во секоја пригода. 

Нејзиниот стил е секогаш толку беспрекорен и таа речиси и никогаш да не греши со комбинациите. Покрај стилските парчиња, таа секогаш одбира и неверојатно добри чевли кои сакаме веднаш да станат дел од нашите плакари.

Во една прилика неодамна, таа комбинираше елегантен црн фустан од тантела со рамни кожени чевли со реси како украси во предниот дел. 

Иако можеби незамисливо за ваков вид фустан, таа одржа лекција по стил и уште еднаш докажа дека високите потпетици многу лесно може да се заменат со удобни, рамни чевли. 

Без разлика дали станува збор за секојдневните прошетки или пак појавувањата на црвен килим, оваа девојка без проблем носи рамни чевли и тоа подобро од кој и да е! 

Нејзиниот избор покажува дека секоја девојка во плакарот мора да има црни и балетанки во беж боја, едни со везени апликации кои ќе ве издвојат од толпата, стилски бели патики, елегантни и лакирани црни и неколку чифта по ваш избор. 

Во галеријата погоре, погледнете како Оливија носи рамни чевли и како на одличен начин ги комбинира дури и со свечени фустани.

Објавено:
16 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
11.095 пати