Зошто сите зборуваат за обувките на Сара Џесика Паркер?

30 мај 2017

Актерката Сара Џесика Паркер веќе неколку години се занимава со дизајнирање чевли. Досега тоа беа модели на висока потпетица, слични на оние на Маноло Бланик кои ги обожуваше во серијата „Сексот и градот“.

Но, сега го привлече вниманието на јавноста со нов модел. Се работи за сребрени, светкави рамни обувки, кои несомнено ќе станат едно од задолжителните работи за лето на многу модни трендсетерки.

Кога ќе ги видите, ќе си речете дека се работи за тип на балетанки, или еспадрили, но Сара Џесика Паркер ги нарече патики. Тоа предизвика голема полемика во светските модни медиуми, како и меѓу обожавателите.

фото: Zappos.com

Без разлика дали се согласувате или не околу тоа дали овие обувки се патики, факт е дека тоа само уште повеќе придонесе за нивната популарност (намерно или случајно).

фото: Zappos.com

Инаку, моделот го носи името „Метеор“, достапен е и во црна боја, а чини 255 долари.

„Над моите очекувања, пријатна, елегантна, и за ден и за ноќ – кул лежерна и бескрајно удобна. Затоа чекорете, трчајте, скокајте, вртете се, шетајте – можностите се бесконечни“, напиша актерката за обувките на нејзиниот Инстаграм профил, самата презентирајќи ги зборовите преку видео:

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) onMay 25, 2017 at 8:54am PDT

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.797 пати