Must have: Обетки што мора да ги имате оваа есен!

17 септември 2018

Иако се чини дека летото како да почна месецов, утрата и вечерите се совршено време за есенски комбинации кои едвај ги чекавме.

Покрај тренди парчињата кои ќе бидат хит претстојната сезона, трендовите кај накитот се нешто за што исто така мора да бидете во тек.

Покрај впечатливите ѓердани за кои веќе пишувавме, има неколку чифта обетки кои секоја дама треба да ги има во својата кутија накит.

Овие навидум едноставни обетки можете да ги комбинирате со што и да посакате, а совршено ќе одговараат со есенските комбинации со лежерни џемперчиња.

Носете ги во комбинација со нежни ланчиња, прстени или некое минимално ланче и бидете шик!

Истите можете да ги најдете во продавниците на Parfois во Скопје.

Објавено:
17 септември 2018
Категорија: 
Стил
Прочитано:
371 пати