Остин Батлер и Каја Гербер заљубени до уши

14 март 2023

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер и Остин Батлер, актерот што го портретираше Елвис во истоимениот филм, се новиот Холивудски пар.

 

 Гербер, 21 и Батлер 31 се појавија заедно на забавата што ја организаше Vanity Fair, по Оскарите.

Моделот му се приклучи на актерот откако заврши оскаровската церемонија во која што и самиот беше номиниран за најдобра главна улога.

Мораме да признаеме дека и двајцата изгледаат преубаво, заљубено и зрачат со младешка енергија.

За забавата Каја одбра долг металик фустан со висок шлиц, додека Батлер се одлучи за црн костим и свилена, виолетова кошула.

Фото: Facebook

Објавено:
14 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
656 пати