Ана Сунјам Ајам, девојката што го претставуваше Тајланд на овогодинешниот избор за Мис Универзум ја воодушеви публиката со креацијата што ја носеше.
Убавата тајлаѓанка се појави во фустан изработен од лимени отварачи.
Необичната тоалета, наречена Hidden Precious Diamond Dress, беше дело на брендот Manirat, а е уникатна комбинација од лимени отворачи од лименки и Swarovski кристали.
Но, она што е пофасцинантно од самиот фустан е приказната зад него.
Лимените отворачи на симболичен начин раскажуваат за животот на Ана, која како дете растела покрај родители кои за да преживеат собирале отпад.
Токму ваквата животна судбина била инспирација за рачно изработената креација од рециклирачки материјали. Како што и самата мисица има изјавено во низа интервјуа:
Она што за многумина е безвредно за некого има голема вредност и убавина.
Дваесет и четири годишната Ана, се родила и растела во сиромашен кварт во Банког. Со цел да ја заштитат од небезбедната околина, нејзините родители ја испратиле во храм, каде што ја чувале будистички калуѓерки.
Нејзината храна во голема мера се состоела од остатоци, односно го јадела тоа што монасите го оставале како непотребно.
За да може да им плати на тутори да ја подучуваат, Ана морала да донира крв секој семестар, да собира пластични шишиња и да чисти јавни тоалети.
За среќа животот подоцна и подарил подобри карти.
View this post on Instagram