Инстаграм блогерка со разигран стил

2 февруари 2023

Во потрагата по оригинални дами со свој стил, денес наидовме на модната блогерка од Хрватска, Матеа Миљан, која секојдневно постира интересни комбинации на својот Инстаграм профил.

Таа е една од оние кои не се плашат да бидат свои и да флертуваат со модата. Матеа споделува најчесто весели комбинации, независно за која сезона станува збор.

Како што вели и самата, повеќе ги сака ведрите бои наспроти неутралните, но и нив знае да ги вклопи во облеката.

Она без кое не може зимно време е капутот, кој што умее да го искомбинира со шешир, интересна чанта, шал и обетки.

Нејзиниот опуштен и разигран стил може да ви послужи како инспирација во деновите кога сакате да бидете забележани, но не заборавајте да ја ставите удобноста на прво место.

Објавено:
2 февруари 2023
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
785 пати
Тагови: 
Инстаграм