Нашите прогнози за оскаровскиот црвен килим – ова се фустаните што би сакале да ги видиме

20 февруари 2019

Највозбудливата филмска ноќ ни претстои овој викенд. 91-то издание на Оскарите е закажано за 24. февруари во театарот „Долби" во Лос Анџелес, а Холивуд е во завршната фаза во подготовка за најпрестижните филмски награди.

Покрај предвидувањата и големите очекувања, кој ќе ја освои култната златна статуетка, секогаш должно внимание се посветува и на најскапиот црвен килим и во модните кругови веќе се прогнозира кој што ќе облече.

Ние направивме наша листа на фаворити – креации што би сакале да блеснат на годинешново издание на Оскарите.

Изборот го направивме од последните пролетни „haute couture" колекции на светските луксузни брендови, меѓу неколку звучни имиња како Диор, Живанши, Армани, Балман, Зухаир Мурад, Ели Сааб, Шанел...

Погледнете ги во продолжение.

 

Објавено:
20 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
973 пати