15 години од руски Вог – Саша Пивоварова на насловната страна
•
21 август 2013
Иако има 29 години Саша слика насловни страни како во времето кога нејзината кариера беше во најголем ек. По трет пат оваа година, убавицата од Москва ќе ја краси насловната страна на најпрестижниот моден магазин – Вог.
Руското издание на магазинот овој септември ќе прослави 15 години од своето постоење. Фотографиите ги направија познатото дуо Мерт и Маркус, Саша во панк издание позираше во модни парчиња на Версаче, а магазинот од 22 Август ќе биде пуштен во продажба.