15 милиони за заштита на животната средина од Дикаприо

22 јануари 2016

Освен што снимаше добри филмови, изминативе години Леонардо Дикаприо ја користеше својата моќ на ѕвезда во секоја смисла за да ја подигне свеста за зачувување на животната средина.

Тоа го потврди уште еднаш неделава на „Светскиот економски форум“ во Давос (Швајцарија). Актерот беше еден од четирите познати личности што ја прими Crystal Award наградата за својот придонес за зачувување на планетата.

Дикаприо уште еднаш ја потврди својата големина, изјавувајќи дека неговата фондација ќе донира 15 милиони долари за зачувување на средината, како и дополнителни 6 милиони за дождовните шуми на Суматра, оштетени од индустријата за палмово масло.

- Не смееме да дозволиме коорпоративната алчност за јаглен, нафта и гас да ја формира иднината на човештвото. Овие  ентитети со финансиски интерес во очувување на деструктивниот систем ги негираат, па дури и прекриваат доказите за тоа како нашата клима се менува. Навистина е доста. Вие знаете подобро. Светот знае подобро – рече актерот во говорот при примањето на наградата.

На годинешното издание на форумот присуствуваа повеќе од 2.500 учесници меѓу кои и светски лидери, бизнисмени и други влијателни луѓе во светот.

Објавено:
22 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
235 пати