20 години од „The Wedding Planner“: Џеј Ло и Метју Меконахи преку видео повик го одбележаа јубилејот

28 јануари 2021

Годинава се одбележуваат 20 години од премиерата на романтичната комедија „The Wedding Planner“ (Организаторка на венчавки), во која главните улоги ги толкуваа Џенифер Лопез и Метју Меконахи.

 

Тие одлучија да го одбележат јубилејот преку вклучување во живо на Инстаграм мрежата.

Џенифер Лопез беше „домаќинот“, а Метју се вклучи на задоволство на публиката која го следеше нивниот разговор од целиот свет. 

Двајцата актери се потсетија на интересните моменти од снимањето.

„Ти се верува ли дека поминаа дури 20 години?“, - го праша Џенифер актерот.

„Па кога ќе го кажеш на тој начин, да“ - се пошегува Меконахи.

И двајцата се согласија дека снимањето било мошне интересно и дека им е останато во убаво сеќавање.

 

„Уживав додека работев со тебе. Имавме многу убав однос и хемија. Ти за овие 20 години направи големи нешта господине „добитник на Оскар“, и јас направив големи работи. Но, во тоа време бевме на почетоците на нашите кариери и беше возбудливо да се работи на било кој филм. Беше магично време“, сподели Лопез, која на крајот од разговорот не ја пропушти шансата да му се пофали на Метју за нејзината нова козметичка линија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

Во продолжение ве потсетуваме на трејлерот за филмот, па еве предлог, ако сакате да се опуштите:

 

 

 

Објавено:
28 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
197 пати