За тоа колку Грејс Кели била безвременска во секоја, па и во модна смисла, говори и фактот тоа што таа го носела средината на минатиот век, апсолутно е модно функционално и денес.
Зборуваме за безвременска модна икона чие влијание во филмскиот, но и во модниот свет, е силно присутно и по децении.
Белиот фустан со набори, нагласен на струк, што го носи во „High Society" е само еден пример како принцезата од Монако би била подеднакво модно атрактивна и денес.
Чиста елеганција и женственост, грациозност, како став, не само како облека.
Ако само кратко го проанализирате нејзиниот летен стил, ќе ја добиете основната слика – сѐ што носи на себе е по мерка на елеганција и токму тоа е содржината на секој безвременски изглед.
Од костимите за капење на плажа, комбинирани со масивни очила за сонце, марама на глава или сламен шешир, до ленените комбинации со панталони или бермуди со висок струк и кошула и конечно грациозните миди фустани во А крој, со потенциран струк – секој аспект од нејзиниот летен изглед може да го интерпретирате во актуелната мода.
Беше тешко да селектираме само 20 летни комбинации. Но, веруваме дека се сосема доволно да се мотивирате.