40 години „Ем-Ти-Ви“ награди: За Мадона, почетоците и... нејзиниот задник

13 септември 2021

Во Њујорк вчеравечер се одржа 40 издание на „Ем-ти-ви“ наградите, поточно видео-наградите. Она за што се зборува ден подоцна е секако појавувањето на кралицата на поп музиката, Мадона.

Судејќи по реакциите на присутнтие, никој не знаеше за нејзиното појавување.

Таа беше изненадувањето од организаторите и го отвори ова јубилејно издание.

Со оглед на тоа дека низ годините остави голема трага и на оваа манифестација, сетете се само на нејзиниот прв настап на манифестацијата со „Like a Virgin“ во 1984 година или во 90-тата со "Vogue“, или ппак бакнежот со Бритни Спирс во 2003 година, нејзиното појавување вчера беше полн погодок.

Мадона се појави во Барбери мантил, кој го соблече на сцената и под кој носеше кожен комплет. Публиката буквално полуде откако таа се појави. 

„Пред околу 40 години, дојдов во Њујорк, со само 35 долари и едни чевли за танцување. Му кажав на таксистот да ме одвезе до центарот на сите случувања. Тој ме остави на „Тајмс Сквер“. Имав 19 години и бев многу исплашена. Но, тоа беше само првиот чекор. Знаев дека еден ден, со многу напорна работа, ќе бидам позната, не само во Њујорк, туку и во светот. Пред 40 години, уште еден аутсајдер пристигна во Њујорк, надевајќи се дека ќе создаде нешто револуционерни. 

Музичкиот канал премиерно беше прикажан на сред ноќ и се викаше „Ем-Ти-Ви“. Формиравме силна врска која ми го смени животот и создаде сосема нова уметничка форма. Затоа, вечерва постои само едно место. Мислеа дека нема да траеме долго, но после 40 години, еве нè тука. Среќна 40 „Ем-Ти-Ви““, изјави Мадона.

Но, освен за говорот и нејзиното појавување, на Твитер многу се коментираше и за нејзиниот задник. Многумина коментираа дека веројатно и во него ставила импланти, дека веќе ништо на неа не е природно и дека едноставно тој изгледа чудно.

 

Секако, ова не е првпат да се коментира изгледот на пејачката, на што нејзиниот одговор секогаш е дека воопшто не ја интересираат туѓите мислења на темата.

После отворањето на манифестацијата, Мадона го најајви и настапот на Џастин Бибер, кој беше прогласен и за артист на годината, а кој се освои наградата можете да видите тука.

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.819 пати