60 незаборавни стајлинзи на омилената Кери Бредшо

24 февруари 2014

Пред два дена прекрасните актерки од култната серија „Сексот и градот“ ја прославија 10 – годишнината од последната прикажана епизода која ги круниса шесте неверојатно стилски и лудо добри сезони по кои следеа и два одлични филмови.

Без да претеруваме и без да ја потценуваме содржината на филмот, она што дефинитивно најмногу го одземаше вниманието во сите сезони беше секси колумнистката Кери Бредшо која ги правеше најдобрите комбинации на светот.

Таа низ сите епизоди ни прикажуваше една сосема поинаква Кери Бредшо, секогаш со одлични парчиња својствени за неа и секако – чевли што го одземаат здивот.

Од Маноло Бланик чевлите, па сѐ до крзнените палта на Фенди, Кери влеа огромна самодоверба кај девојките ширум светот за да експериментираат со својот стил и комбинациите што ги одбираат.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од нејзините незаборавни стилски комбинации.

 

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Сцена