Оскаровката Хелен Мирен која важи за една од најдобро облечените дами во Холивуд, уште еднаш имаше блескав стилски момент, овој пат на 14-те по ред „Women of Worth" награди што ги доделува L'Oréal на жени кои направиле значаен исчекор во општеството.
Фото: John Nacion, Daily Mail
74-годишната актерка, која од 2014 година е едно од заштитните лица на францускиот бренд, го привлече вниманието во грациозно издание, во целосно бела комбинација.
Комбинацијата вклучува макси бело здолниште, ролка и елегантна бела наметка, надополнети со бисерен накит.
Фото: John Nacion, Daily Mail
Хелен се фотографираше со другите амбасадорки на брендот, Камила Кабељо, Аја Наоми Кинг, Енди Мекдауел, Амбер Хард и Вајола Дејвис, секоја посебна инспиративна на свој начин.
Фото: John Nacion, Daily Mail
Фото: Daily Mail