ABBA заедно во јавноста по 36 години – се обединија за виртуелниот концерт во Лондон

27 мај 2022

По 36 години ABBA повторно заедно на црвениот килим.

Поводот беше нивното виртуелно шоу – концертот насловен „Abba Voyage" на кој настапија нивните дигитални аватари, во спортскиот комплекс „ Queen Elizabeth Olympic Park" во Лондон.

Бени (75), Агнета (72), Ани-Фирд (76) и Бјорн (77) беа во публиката од каде го проследија спектакуларното дигитално шоу на сцена, за на крај да се појават пред завесата и да добијат громогласен аплауз.

Откако се распаднаа во 1982 година, членовите на култниот шведски бенд се обединија повторно за да посведочат на едно виртуелно холограмско патување во минатото.

„АББА никогаш не не напушти, во моето срце", изјави пејачката Агнета Фалтског за „Би-би-си".

Меѓу гостите на црвениот килим и во публиката беше и шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија, но и голем број ѕвезди како Кајли Миног и Кејт Мос.

ABBA покрај тоа што се музички икони, тие исто толку големо влијание извршија и во моден контекст, со својот препознатлив диско стил.

И овојпат на црвениот килим не разочараа, се појавија со фантастичен стилски концепт, во комбинација на елегантна и урбана естетика.

Објавено:
27 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.550 пати
Тагови: 
АББА концерт