Адел на насловната на Time

23 декември 2015

Една од најактуелните музички ѕвезди, Адел се најде на насловната на декемвриското издание на магазинот Time.

Нејзиниот нов албум „25" веќе четврта недела е на врвот на топ листите на Билборд, а мега хитот „Hello" руши рекорди. Нејзиниот огромен успех во финишот на 2015 беше доволна причина, последното издание за годинава на магазинот Time да се заокружи со нејзиниот лик.

Во интервјуто таа зборува за албумот, за „апстинирањето" од социјалните мрежи додека била во студио, но и за експонираните артисти и колку нивната наметливост може да биде контрапродуктивна.

Објавено:
23 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.071 пати