Aдел: Не знаев дека ослободувањето на себеси ги ослободува и луѓето околу мене

18 август 2020

Адел отсекогаш привлекувала внимание. Со својот глас, со својата појава и животна приказна. Нејзините изгубени килограми и промена на животот сè уште се тема на разговор.

А пејачката на социјалните мрежи објави фотографија од книгата која всушност придонела за промената. Се работи за книгата „Untamed“ од американската авторка Гленон Дојл.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) onAug 14, 2020 at 5:43pm PDT

„Ова е книгата која ми помогна да најдам радост и слобода. Ако сте подготвени, оваа книга ќе го протресе вашиот мозок и ќе ја натера вашата душа да „вреска“. Откако ја прочитав, станав подготвена да го прифатам моето вистинско јас. Како за прв пат да влегов во сопственото тело. Книгата ми помогна да сфатам дека единствено јас сум одговорна за својата среќа, радост и слобода. Кој да знае дека со ослободувањето на себеси, ги ослободуваме и луѓето околу себе? Јас не знаев!!! Мислев дека мораме да бидеме под константен стрес, збунети и растргнати во обидите да им удоволиме на сите околу себе. Но, не мораме“, напиша Адел.

Книгата станала бестселер на „Њујорк Тајмс“, а во фокус ги става причините за хроничното незадоволство кое многу жени денеска го чувствуваат, а одговорот го пронаоѓаат во тоа што жените поголемиот дел од времето сакаат да им удоволуваат на други, наместо себе. Адел не е единствената позната личност која била воодушевена од книгата. Рис Витерспун исто така сподели дека „Untamed“ ѝ го сменила животот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) onJun 27, 2020 at 2:52pm PDT

И бидејќи денеска владее трендот на „life couach“ професијата и ги има премногу, воопшто не е чудно ако си помислите дека ова е само уште еден од оние кои кажуваат работи кои веќе ги знаеме.

Сепак, Долј се разликува малку од другите, бидејќи пример за нејзината успешност лежи токму во нејзината животна приказна.

Како дете, а подоцна низ животот се борела со булимија, а секојдневниот стрес на училиште бил толку голем, што еден ден влегла во канцеларијата на еден советник и му кажала: „Ако некој не ме изнесе оттука, јас ќе умрам“. На 13-годишна возраст првпат се онесвестува.

Поминала време и во психијатриска болница, но пореметувањето во исхраната успеала да го среди дури откако дипломирала.

Нејзината животна приказна вклучува и борба со алкохолизам со цел да ги потисне чувствата, а тоа почнува во нејзините 20-ти. Пиела дури и додека се туширала наутро, така ѝ започнувал денот, а потоа посегнала и по дрога, поточно кокаин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Glennon Doyle (@glennondoyle) onJul 4, 2020 at 3:21pm PDT

„Не поминуваше ноќ без да се онесвестам“.

Ништо од ова не помагало, бидејќи постојано размислувала како да си го одземе животот.

Сепак, после дипломирањето (студира Англиски јазик и книжевност) успева да најде работа како учителка.

„Тоа беа години на: „Да, таа се онесвестува, но гледај, сепак предава“. Така, патот до помошта беше многу долг“, ќе изјави во една пригода.

Во 2001 година со среќава својот сега веќе поранешен сопруг, модел и фудбалер. После четири месеци, Гленон ќе забремени, но ќе абортира, како последица на алкохолот. Но, за неполна година, ќе забремени пак.

Овој пат, ќе работи на проблемот и ќе остане трезна. Двојката ќе одлучи да се земе.

„Се земавме затоа што мислевме дека тоа е вистинската работа да се направи, не затоа што сметавме дека сме вистинскиот избор за другиот“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Glennon Doyle (@glennondoyle) onFeb 24, 2020 at 4:47pm PST

Нивниот син Чејс се раѓа во 2009 година, а Глен почнува да пишува блог, на кој зборува за стравот дека „не се снаоѓа во родителството како што би требало“. Во меѓувреме се соочува со бројни неверства од сопругот и работите никако не изгледаат добри.

Критичарите би кажале дека зависноста од храна, алкохол и дрога на Гленон е поттикната од потребата за признавање и внимание.

Сепак, факт е дека таа денеска е пред сè здрава личност, која споделува како успеала од дното да стаса до врвот.

„Јас сум некој кој голем дел од животот го помина во затвор. За мене булимијата, алкохолизмот и дрогата беа како да бев во затвор. Единствениот начин на кој јас можам да останам слободна е да бидам подготвена на комплетна искреност“, сподели авторката.

А токму тоа го прави преку нејзините книги. Многумина сметаат дека нејзиниот успех е во тоа што е сосема спротивна на оние „животни учители“ кои изгледаат и звучат совршено, а поради нив се чувствувате уште помизерно и згора на сè ви кажуваат како да се однесувате.

Гленон е некој во кој многумина се препознаваат, бидејќи е реална, со живот полн проблеми, од кои сепак успеала да избега и да сврти нов лист. А сега им помага и на другите да го постигнат тоа.

 

Објавено:
18 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.644 пати
Тагови: 
Адел