Адел објави фотографија без шминка и предизвика дискусија на социјалните мрежи

4 август 2020

Адел не е од најактивните корисници на социјални мрежи, но кога го прави тоа, привлекува огромно внимание.

Овој пат, нејзината објава е посветена на Бијонсе, но тоа беше последната работа која се коментираше. Имено, Адел на фотографијата е без шминка, со пуштена виткана коса и во маица од новиот визуелен албум на Бијонсе, „Black is King“,. Поточно, се работи за креација на Марина Сера, која Бијонсе ја носи во спотот за песната „Already“, кој Адел го гледа и на кој посочува на фотографијата.

„Ти благодарам Кралице што преку својата уметност секогаш ни даваш чувство на саканост“, напиша Адел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) onAug 1, 2020 at 11:09am PDT

Но, нејзините обожаватели не ги интересираше Бијонсе, ниту маицата.

Тие го коментираа нејзиното тело - како изгледа чудно, како изгледа дека повторно е здебелена, како е премногу слаба, како не личи на себе.

Голем дел од коментарите беа одбрана на претходните, во контекст на тоа дека никој нема право да коментира за телото на некој друг, како и тоа дека конечно треба публиката да ја остави на мир, да биде среќна.

Имаше и такви кои типуваа на кого им личи Адел на оваа несекојдневна фотографија од неа, а еден од најпопуларните коментари е дека со новиот изглед потсетува на Кејт Винслет од ерата на Титаник.

Објавата, која има преку четири милиони лајкови покажува една голема вистина: Луѓето никогаш не може да се задоволат,, затоа и не треба никој да се заморува со тоа што ќе речат другите, туку да го живее животот онака како што сака.

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.508 пати
Тагови: 
Адел