Адел објави празнична фотографија и изгледа одлично!

24 декември 2019

Во октомври годинава се појави на роденденската забава на Дрејк и сите забележаа дека е послаба од било кога! Адел во овој празничен период повторно изненади.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) onOct 24, 2019 at 12:58pm PDT

 Деновиве се шпекулира дека е во љубовна врска со популарниот музички продуцент Џонатан Хеј. Како пренесуваат странските медиуми, двајцата се запознале годинава во една музичка продукциска куќа во Њујорк.

Џонатан пак, неодамна даде изјава во која вели дека се вљубил во убава пејачка со изразен британски акцент, а медиумите веднаш го поврзаа со Адел.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared byTeam Adele (@adele_team) onDec 24, 2019 at 5:42am PST

„Неодамна ја запознав љубовта на мојот живот и тоа во лифт на позната музичка куќа во Њујорк, во која е застрелан раперот Тупак. Нејзиниот британски акцент ме полуде, внимателно го слушав секој нејзин збор“, изјавил Џонатан. 

Адел пак, на својот Инстаграм профил вчера објави фотографија од празничната забава што ја организирала, а на истата позира со Дедо Мраз, односно со Гринч.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) onDec 23, 2019 at 11:32am PST

 Адел носи долг црн сатенски фустан на преклоп, со ракави кои во делот на рамениците се малку набрани, а деколтето е срцевидно.

Со луксузен накит и фризура со холивудски кадрици, Адел покажа уште еднаш дека изгледа најубаво до сега!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @stylecto onDec 24, 2019 at 4:57am PST

 

Исто така, веќе е најавено дека го подготвува новиот албум, па изгледа 2020 ќе биде нејзина година!

 

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.643 пати