По долго време, една од најпопуларните британски пејачки на сите времиња, Адел, се појави во јавноста и тоа на роденденската забава на раперот Дрејк, а она што сите го забележаа беа драстично намалените килограми.
Шармантната пејачка на роденденот на нејзиниот пријател се појави во црна кадифена креација со откриени рамена и фризура и шминка во ретро стил.
Фустанот таа го надополни со ремен на половината, впечатливи обетки, чантичка и сандали на висока потпетица.
Таа објави фотографија од прославата на нејзиниот Инстаграм профил под која остави интересен коментар:
„Порано плачев, но сега се потам“, по што му го честита роденденот на „најсмешниот човек што го запознала“.
Инаку, пејачката отсекогаш отворено зборувала за нејзините килограми, а во последно време таа активно вежба пилатес и комбинација од други вежби кои се чини дека ѝ годат.
Во последно време, британските медиуми пејачката ја поврзуваат со раперот Скепта, откако пред неколку месеци се раздели од сопругот и татко на нејзиниот син Анџело, Сајмон Конецки.
Инфо и фото: Daily Mail