Лондонската 02 Арена вчеравечер беше местото каде се случи долго очекуваното доделување на традиционалните Британски награди каде сосема очекувано триумфираше нивната омилена девојка Адел

Таа дома си замина со дури четири освоени награди и тоа за женски изведувач на годината, најдобар сингл, албум на годината и награда за глобален британски успех. 

 
 

Вистински емотивен беше настапот на пријателите за големиот Дејвид Боуви кому постхумно му беше доделена наградата за Британска музичка икона. 

Ени Ленокс имаше емотивен говор на доделувањето на наградите

На сцената се појавија и заблагодарија неговите долгогодишни пријатели Ени Ленокс и актерот Гери Олдмен кој имаше навистина емотивен говор што ги расплака сите присутни во салата. 

Веднаш по емоционалните говори на Ени Ленокс и познатиот британски актер, на сцената се појави Лорд за која Дејвид Боуви велеше дека е иднината на музиката и на фантастичен начин ја изведе „Life on Mars“ заедно со неговиот бенд со што го оправда високото мислење на покојниот музичар. 

Што се однесува до настапите, одлични беа и Џастин Бибер кој ја доби наградата за интернационален музичар, заедно со Џејмс Беј кој пак дома си замина со наградата за најдобар машки британски изведувач. 

Провокативни и посекси од кога и да е беа Ријана и Дрејк кои на сцената го повторија нивниот видео запис за „Work“, а одличен и навистина емотивен настап имаше и Адел која се расплака кога на сцената и беа врачени наградите. 

На манифестацијата се појавија и имаа одлична изведба и единствените Coldplay на кои им беше доделена наградата за најдобра британска група за изминатата година. 

Што се однесува до модата на годинешните Британски награди, најголем впечаток дефинитивно оставија познатите модели кои речиси секогаш се одлучуваат за некое секси, провокативно издание. 

Меѓу девојките кои се одлучија за секси изданија и покрај студеното време беа Лили Доналдсон, Тони Гарн, Џордан Дан, Карли Клос и Алекса Чанг кои и доделија некои од наградите, но дефинитивно најголем впечаток остави Суки Ватерхаус која и ја додели наградата на Адел и имаше мала, ненамерна грешка. 

Вистинска убавица беше Кајли Миног која гордо позираше на црвениот килим заедно со нејзиниот 28 годишен вереник Џошуа Сас, но изгледаше и прекрасно во интересниот избор на бел фустан кога на сцената му ја додели наградата на Џејмс Беј. 

Погоре во галеријата погледнете ги фотографиите од највпечатливите моменти на доделување, но и некои видеа што ја прикажуваат одличната атмосфера и настапи.

Објавено:
25 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.980 пати