Адидас ја има дефиницијата за суперѕвезда

12 јануари 2015

Тие се талентирани и предодредени да бидат познати и почитувани. Дејвид Бекам, Рита Ора, Фарел Вилијамс и кошаркарот Дамјан Лилард,  се главните протагонисти во најновото видео на популарниот и планетарно обожаван спортски бренд  Адидас. Кампањата за линија обувки е наменета за прикажување на глобално ниво, а главната тематика се базира на огромната популарност што ја имаат ѕвездите.

Фудбалерот, пејачката, музичкиот могул и кошаркарската легенда, преку сопствената перцепција и режисерска визија на Карум Ху До, во три минути ја прикажуваат сликата од нивната реалност за популарноста на суперѕвездите. Според нив ѕвездата не е синоним само за стилисти, обезбедување, непредвидливост и делење автограми, туку многу повеќе.

-Доколку повеќето мислат дека една позната личност како нас ја претставуваат овие карактеристики, тогаш јас не сум суперѕвезда, објаснуваат тие.

Оваа кратка кампања всушност претставува и најава за нови шест видеа, но исто така на некој начин  раководството на Адидас не потсети дека  не случајно ги избра имињата со кои досега соработуваше.  Претпоставуваме дека истите ќе ги гледаме и за понатамошните маркетиншки потреби.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Сцена