Адријана Лима: Јас сум „бабата“ од Викторија Сикрет

13 декември 2013

Манекенката Адријана Лима вели дека е „бабата“ од сите ангели на „Викторија Сикрет“. Сексапилната Лима со ова сака да каже дека е ангел со најголем стаж меѓу останатите, зашто до 2013 година, таа беше дел од 13 шоуа.

-Дефинитивно сум баба! Прв пат на писта за Викторија Сикрет зачекорив во 2000-та година. Ми се допаѓаат новите девојки што се вклучени, на пример Кара Делевињ е многу кул. Селекцијата на нови лица е одлична, тие секогаш се возбудени и носат посебна енергија на пистата. Верувајте, јас и останатите имаме многу забавна работа, открива Лима.

Таа исто така изјавува дека стекнала голема самодоверба за изгледот на нејзиното тело, па дури никогаш не пробува гардероба кога оди во шопинг.

-Никогаш не пробувам ништо. По носење толку многу стилски различна облека, веќе знам што ми прилега, а што не, доволно ми е само да го погледам парчето и јасно ми е, вели Лима.

Инаку, топ моделот од Лондон заминува за Дубаи во посета на продавници на Викторија Сикрет, за потоа за божиќните празници да биде заедно со нејзиното семејство во Мајами.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Сцена