Актерката од „Вовед во анатомија“ искрено за нејзината ќерка со Даунов синдром

29 март 2019

Прекрасната актерка од популарната серија „Вовед во анатомија“, Катерина Скорсоне, е мајка на шестгодишната Елиза и од пред две години, на Палома Микаела, преслатко девојче со Даунов синдром.

Во интервју за Motherly, таа вели дека откако ја добила втората ќеркичка, целосно ѝ се променила перспективата за мајчинството и тоа што значи љубов воопшто.

„Кога ја добив првата ќерка, мислев дека сè што треба да правам е добро да ја подготвам за светот полн конкуренција“, вели таа во интервјуто, признавајќи дека кога дознале дека втората ќерка ќе се роди со Даунов синдром, почнала да паничи и не знаела како ќе се справи со ситуацијата.

Но, еден ден работите се промениле.

„Како да слушнав некој глас кој ми помогна во оние моменти кога не знаев што да правам, кога знаев дека ќе морам да направам сè таа да биде безбедна, да се чувствува сакано. Одеднаш, ми се смени перспективата кон мајчинството и се чувствував отворена за нови предизвици“, изјави Скорсоне.

Ќе каже дека целата ситуација направила таа да повторно да го испита односот што го имала со нејзината постара ќерка.

„Ја обожавав мојата прва ќерка, поради сè, поради нејзините огромни квалитети. Ја сакав бидејќи беше паметна, толку убава и смешна. Но, сите тие квалитети беа надворешни“, вели таа.

Додава и дека во тие моменти се прашувала каква ќе биде нејзината друга ќерка, дали ќе биде паметна, дали ќе биде забавна...

“Секако, денеска е сè и повеќе. Сега, кога знам повеќе за Дауновиот синдром си велам колку бев глупава. Но, тогаш не знаев. Во меѓувреме, сфатив дека ги сакав сите поради погрешни причини. Ги сакав луѓето поради нивните надворешни квалитети, но не и поради она што го имаат во себе, поради нивната суштина“, изјави актерката.

Додава и дека многу луѓе имаат погрешни мислења за дечињата со Даунов синдром и на Интернет и во книгите, а единствената што ја препорачува е „Expecting Adam“ од Марта Бек.

„Ви кажува дека, океј, ова е сосема различно патување, но има нешто мистично и специјално тука. Ова е нешто што го искусуваат едно од 700 лица, и ние сме едни од тие“, вели таа.

Инфо: People.com, Motherly

Фото: Instagram

Објавено:
29 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.969 пати