Алекс Родригез има своја козметичка линија за коректори

27 мај 2021

Поранешниот спортист и партнер на Џенифер Лопез, Алекс Родригез одлучи да си ги прошири бизнис видиците.

Имено, тој неодамна лансираше своја линија за декоративна козметика за мажи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by hims (@hims)

Родригез ги здружи силите со Hims&Hers за да создаде уникатен производ - „Blur Stick“, дискретен коректор дизајниран за мажи.

„Сфатив дека помеѓу состаноците ми е потребен брз и лесен производ, кој ќе биде дел од мојата дневна рутина, а  кој ќе ги сокрие темните кругови околу очите или трагите од бричењето. Затоа, среќен сум што можам со вас да го споделам новиот производ - Blur Stick. Се работи за коректор специјално дизајниран за мажи, кој може да се користи за прикривање на неправилностите на кожата“. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

 

 

Објавено:
27 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
389 пати