Алекса Чанг јавно проговори за проблемот со ендометриозата

19 јули 2019

Британската блогерка, дизајнерка и трендсетерка Алекса Чанг за прв пат јавно проговори за проблемите со ендометриозата објавувајќи фотографија од болница на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа е дефинитивно едно од најпознатите модни имиња на денешницата со бренд зад себе и бројни соработки со познати модни куќи, а досега ниту еднаш не проговорила за дијзагнозата со која се бори подолго време.

„Не сакам да припаѓам на ниту еден клуб што би ме прифатил како членка, но еве ме“, напиша таа под фотографијата надополнета со хаштаговите #endometriosisclub #lifelongmembership #sorryifyouhaveittooitsucks.

Ендометриозата ја имаат околу 10 проценти од жените во репродуктивна возраст, а станува збор за состојба при која се случува ендометриумот (внатрешниот слој на матката) да почне да се шири и надвор од неа. Ендометриозата се приширува на површината на органите во малата карлица и стомакот. 

profimedia

Тоа предизвикува воспаление и болки кај жените што ја имаат, а симптомите се остра болка, тежок менструален циклус, па дури и неплодност.

Најмалку 200 милиони жени денеска се борат со ендометриоза, но поминува доста време додека им биде дијагностицирана. Најчесто, решението е оперативен зафат, а со новбата технологија тоа е најчесто минимален и незабележлив рез.

whowhatwear

Позитивните приказни на голем број жени од светот, потврдуваат дека многу од нив забремениле без проблем, а токму такви приказни можеа да се прочитаат и под фотографијата на познатата британска блогерка која инспирираше многу девојки со нејзината објава.

fashionista

Инфо: Elle.hr

Објавено:
19 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.057 пати