Алесандра Амбросио е секси пин – ап девојка во топлите краеви на Бразил

19 јули 2014

Таа е позната низ светот како еден од најсекси ангелите на Викторија Сикрет. Прекрасната Алесандра Амбросио тоа и го докажа уште еднаш со нејзината последна ултра секси фотосесија направена во нејзиниот роден Рио де Женеиро.

Во истата, можеме да ја видиме Алесандра во едно од нејзините најдобри изданија досега, во неколку чифта костими за капење и екстремно куси здолништа.

33 – годишната Алесандра последната фотосесија ја сними во еден од најсиромашните краеви во Рио познат како Vidigal Favela, а во истата може да се видат како друштво и прават неколку локални преслатки дечиња.

Бразилската манекенка во неколку наврати позира со црвено лижалче кое што совршено и прилега со јаката шминка во која е вклучен и неизбежниот, секси црвен кармин. На сите фотографии, косата и е лежерно собрана во висока растурена пунџа со пин – ап марама во црвена боја.

Очигледно, манекенката не може да се одвои од нејзиниот роден Бразил овој период, па по неколкуте натпревари на кои присуствуваше во рамки на светското фудбалско првенство, таа повторно се врати да ја сними оваа секси фотосесија.

За да им покаже на нејзините фанови дека Бразил е местото број еден на нејзината листа, таа постојано постираше статуси на социјалната мрежа Твитер со порака дека „љубовта во Бразил мириса на кафе“ и дека сака засекогаш да остане на овој одмор.

Моменталното богатство на манекенката се проценува на околу 40 милиони долари.

Објавено:
19 јули 2014
Категорија: 
Сцена