Алиша Викандер и Мајкл Фасбендер се новата омилена двојка на Холивуд

26 февруари 2016

Пред некој ден беше објавен трејлерот за новиот филм на Алиша Викандер и Мајкл Фасбендер „The Light Between Oceans“ на чие снимање се запозна двојката.

Сцена од филмот

За филмот се очекува дека ќе биде вистински хит, со оглед на трогателната приказна што се случува во истиот.

За двојката се верува дека врската ја започнала некаде кон крајот на 2014 – та година, а последниве неколку месеци тие постојано ги освојуваат симпатиите на публиката каде и да се појават.

Покрај нивниот фантастичен талент, она по што се познати е нивниот неверојатен стил на кој постојано внимаваат.

Оваа година, Фасбендер е номиниран за најдобар актер за улогата во филмот Стив Џобс, додека неговата поубава половина е номинирана за најдобра споредна улога за филмот „Девојката од Данска“.

Алиша стана холивудска миленичка и ИТ девојка буквално преку ноќ, поради нејзината неверојатна појава, стил и одлични актерски способности.

Сето тоа беше препознаено и од бројните модни брендови кои постојано ја ангажираат актерката за нивните кампањи.

Таа изгледаше неверојатно шик во последната кампања на Луј Витон кога ја презентираше последната колекција на брендот.

Токму со нив, таа потпиша и ексклузивен договор според кој исклучиво мора  да ги носи нивните креации на сите настани на кои ќе се појави.

Додека ги очекуваме Оскарите каде двојката сигурно ќе блесне во фантастични стајлинзи, погледнете дел од нивните заеднички фотографии и секако, трејлерот за филмот „The Light Between Oceans“.

Објавено:
26 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
763 пати