АМА 2020: Металик црвен килим, Тејлор Свифт артист на годината, Џеј Ло највпечатлива

23 ноември 2020

Вчеравечер во „Мајкрософт театар" во Лос Анџелес, во вонредни услови и со посебен протокол поради пандемијата, се одржаа Американските музички награди 2020 (АМА).

Овојпат церемонијата се одржуваше во комбинација на настапи во живо и онлајн, голем дел од ѕвездите продефилираа на црвениот килим, па дури имаше и публика во ограничен и мал број.

Домаќинка на настанот беше американската актерка Тараџи Хенсон, а меѓу ѕвездите кои триумфираа беше Тејлор Свифт, која ги освои наградите за артист на годината, најдобро видео и најдобар женски артист во категоријата поп музика.

Меѓу наградените беа и Дуа Липа, BTS, Лејди Гага, Џастин Бибер...

На црвениот килим доминираа креациите во металик нијанси и сексапилни тоалети со висок шлиц, а најголемо внимание во тој поглед привлече Џенифер Лопез која носеше креација на Балман.

Комплетната листа на наградени погледнете ја на овој линк, а црвениот килим следува во галеријата во продолжение.

Фото: Getty images, AMA, ABC

 

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.131 пати
Тагови: 
АМА