Ана Дело Русо е воодушевена од Мајли Сајрус: Таа има прекрасно тело!

25 септември 2013

Иако голем број на модни уредници ги кренаа рацете од Мајли Сајрус и откажаа неколку нејзини појавувања во модните магазини, легендарната Ана Дело Русо гледа смисла во бројните испади на пејачката.

„Луда сум по музичките ѕвезди, тие многу влијаат на мојот стил. Ријана, Мадона, Бијонсе, Азеалија Бенкс...многу ми се допаѓа и онаа девојка, како се викаше...Мајли Серус? Ах, да Мајли Сајрус и нејзиното „тверкање“. Обожавам луѓе кои ризикуваат, а музиката е идеална за тоа“, изјавила Ана за „Грација“.

Познатата уредничка го пофали и телото на младата пејачка за кое многумина мислат дека е преслабо:„Таа изгледа супер гола. Ми се допаѓа нејзиното тело, а супер беше и оној костимот на Мики Маус во кое настапи на МТВ наградите“, вели Русо.

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Сцена