Ана Ивановиќ во две ефективни летни комбинации со еден пар шорцеви

2 јули 2020

Поранешната успешна тенисерка Ана Ивановиќ, откако се повлече од спортскиот терен, ужива во семејството и приватниот живот.

Со своите фанови многу често комуницира на Инстаграм, а воедно оваа платформа ја користи и како личен дневник каде преку фотографии доловува интересни моменти од нејзиното секојдневие.

Неретко, објавува и модни комбинации карактеристични за нејзиниот спортски стил.

Денеска, побара мислење од нејзините следбеници на Инстаграм, која од двете посочени комбинации со црни шорцеви, е подобар избор.

Едната варијанта вклучува комбинација со едноставна бела маичка со прерамки врзани во панделка, додека втората е стилизирана со маичка со животниски принт.

Наше мислење е дека и двете летни комбинации истовремено се и стилски ефективни и сосема удобни, па може и вам да ви послужат како инспирација за секојдневен, лежерен изглед.

 

 

Објавено:
2 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
475 пати
Тагови: 
Ана Ивановќ