Ана Винтур како Дедо Мраз

20 декември 2014

Миланската модна недела оваа година ги надмина сите очекувања и како и секоја година понуди инвентивна програма која меѓу другото го вклучи и цветниот маркет  кој го организираше модната куќа Марни. Настанот беше насловен „Marni Flower Market“ и беше одржан по повод 20 – годишнината на брендот. Цветните композиции на чанти и облека потпишани од Марни имплементирани во неверојатно веселиот и со разигран колоритен декор,  беа доволна инспирација за модната уредничка Ана Винтур, која одлучи токму цветните дезени на Марни да и послужат за виткање на новогодишните подароци. Не само што  подароците  ќе се најдат во декемвриското издание на магазинот Vogue, туку Винтур и личните подароци на вработените решила да им ги завитка во веселиот цветен дезен на Марни.

Еве како изгледа процесот на пакување на подароците кои сигурно кријат интересни изненадувања и ќе ги израдуваат вработените  во едно од најпрестижните списанија во светот. Браво за креативноста на Ана Винтур!

 

Објавено:
20 декември 2014
Категорија: 
Сцена