Ана Винтур на ручек со Ким Кардашијан!

2 мај 2014

Се чини Ким Кардашијан сѐ уште не може да се помири со реалноста дека конечно доби насловна на Вог, па постојано ги потсетува сите со по некоја фотографија.

Овојпат, таа на својот Инстаграм профил постави фотографија од ручекот со уредничката на Вог Ана Винтур на денот кога таа и соопштила дека ќе се најде на насловната на Вог.

На фотографијата, за која се чини дека е направена на 19 – ти Ноември, на лицето на Ана може да се забележи ретка насмевка додека се обидува да ја забавува малата Норт која што ужива во рацете на нејзината мајка.

Покрај фотографијата, Ким напиша: Моментот кога Ана ја сретна Норт и ни кажа дека ќе бидеме во Вог. Норт гледа во нејзиниот татко кој не фотографира – најдобар ден во мојот живот!

Ким и Канје се појавија на насловната на априлското издание на магазинот Вог и според многумина, тоа беше едно од најпродаваните изданија на модната библија, иако за насловната имаше многу негативни коментари.

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Сцена