„And just like that“ ни го претстави најубавиот капут за оваа есен

7 ноември 2022

Снимањето на втората сезона на „And just like that" е во полн ек, а неодамна главната ѕвезда на серијата Кери Бредшо се појави во уште едно модно издание.

Имено, популарната хероина зачекори во есента, носејќи одлична стилска инспирација. Таа носеше долг фустан со пруги во нијанси на виножито во комбинација со сини чизми до колена, чии исечоци претставуваа декорација самите по себе. Актерката го стилизираше изгледот со шешир во боја на јоргован и чанта на Pierre Cardin.

Фото: nypost.com

Иако секое парче е доволно ефикасно само по себе, во фокусот се појави капутот за кој веќе се зборува дека е најубавиот капут за оваа сезона. Станува збор за неодоливо предимензионирано карирано парче со средна должина кое комбинира виолетова, крем и кафена боја.

Погледнете како изгледаше ликот на Сара Џесика Паркер во капутот кој веднаш се најде на есенската листа на желби на многумина.

Фото: nypost.com

Фото: nypost.com

Фото: nypost.com

Фото: nypost.com

Објавено:
7 ноември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
725 пати