Анџелина Џоли и нејзините деца во рециклирани и винтиџ креации на премиерата на „Eternals“

19 октомври 2021

Во Лос Анџелес вчера се одржа премиерата на новиот филм на „Марвел“, „Eternals“, под режисерската палка на оскаровката Клое Жао.

Меѓу актерите кои се појавуваат во остварувањето се Ричард Маден, Гема Чан, Селма Хаек, Дон Ли, Кит Харингтон, но и Анџелина Џоли. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Invested (@angeltresjolieog)

Сите овие, како и останатиот дел од актерската екипа кој не е споменат во претходната реченица, се појавија на премиерата, но очекувано најмногу внимание на црвениот килим привлече Анџелина Џоли.

Таа пристигна во друштво на своите пет деца, а од моден аспект интересно е што сите носеа винтиџ или рециклирани парчиња облека. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by WHO Magazine (@whomagazine)

Така на пример, Џоли носеше „Балман“ фустан од ресорт колекцијата за 2022 година, Мадокс црно одело, а Вивиен бел фустан и патиики. Шајло имаше асиметричен фустан во нијанса на песок, додека Нокс се појави во темнозелено сако, здолниште и панталони. Захара пак, носеше фустан во кој Џоли се појави на „Оскарите“ во 2014 година, а зад која се потпишува либанскиот дизајнер Ели Сааб.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Balmain (@balmain)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@lebanesedesigners)

 

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.096 пати