Анџелина Џоли како принцеза во креација на „Валентино“

28 октомври 2021

Анџелина Џоли деновиве е мошне присутна и актуелна во светските медиуми поради премиерата на филот „Eternals“ и секој пат предизвикуваше големо внимание.

Ја гледавме во стари и нови креации, кои најчесто ја истакнуваа нејзината витка линија. Сепак, за премиерата во Лондон се одлучи за нешто сосема поинакво.

Нејзиниот избор овој пат е креација на „Валентино“ во кои изгледа како принцеза. Се работи за креација од колекцијата на француската модна куќа за Висока мода, од сезоната есен-зима 2018.

По овој повод се направени и специјални фотографии зад кои се потпишува Мисан Хариман.

Голем број позитивни коментари одат во насока на нејзиниот изглед, а некои коментираат дека Џоли може да послужи како инспирација за нова „Дизни принцеза“.

 

 

фото:@misanharriman;

Објавено:
28 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.572 пати