Анџелина Џоли носи сафари фустан што визуелно додава облини

7 јули 2020

Доколку визуелно сакате да додадете или да ги истакнете облините, следете го овој стилски пример на Анџелина Џоли.

Последниве неколку години познатата холивудска ѕвезда, постојано наидува на критики поради нејзинот „нездрав" изглед што се должи на потпросечната тежина, па иако се обидува да се носи со тоа, сепак судот на јавноста е незибежен.

Затоа сè почесто ја гледаме во облека која не ја потенцира нејзината фигура, туку напротив, бира широки кроеви кои визуелно додаваат некој килограм плус.

Неодамна во јавноста се појави во една таква сафари креација која ѝ прилега фантастично, а може да ви послужи и вам како идеја доколку барате крој што визуелно ќе ви додаде облини.


Фустанот е со миди должина, со суптилно деколте, а е нагласено кај половината, додека здолништето е во А крој.

Одлично решение за топлите летни денови, кога може да го комбинирате со ниски сандали на врзување, влечки или пак еспадрили.


Фото: Harper's Bazaar, Geo.tv

 

Објавено:
7 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.264 пати