Анџелина Џоли отвори Инстаграм и сруши Гинисов рекорд

22 август 2021

Актерката и режисерка Анџелина Џоли е нов корисник на Инстаграм мрежата. За помалку од 24 часа таа имаше преку пет милиони следбеници.

Медиумите велат дека го срушила Гинисовиот рекорд, но не и оној што го постави Анистон. Имено, Џенифер во првите 5 часа успеа да собере милионипол следбеници, а за нешто повеќе од 24 часа имаше 6.7 милиони следбеници. 

Но, нејзината прва објава имаше преку четири милиони лајкови и успеа да ја блокира Инстаграм мрежата.

Она што ја поттикнало Џоли да отвори Инстаграм профил е ситуацијата во Авганистан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Имено, во нејзината прва објава е писмо на тинејџерка токму од Авганистан.

„Луѓето во Авганистан во моментов губат способност за комуникација по пат на социјални мрежи и можност за слободна комуникација. Се приклучив кон Инстаграм за да ги споделам приказните и гласовите на сите оние кои ширум светот се борат за своите основни човекови права“, пишува Џоли.

Во писмото пак, кое анонимната тинејџерка ѝ го правила на актерката, пишува дека сите се преплашени и мислат дека сите нивни соништа се изгубени.

Џоли ги сподели и нејзините искуства во Авганистан.

„Јас бев на границата со Авганистан две недели пред 9/11, каде ги запознав авганистанските бегалци, кои им избегале на Талибанците. Ова беше пред 20 години. Страшно е да се гледа како Авганистанците повторно се раселуваат побудени од стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја.

Да се потрошат толку многу време и пари, да се пролее крв и да се загубат животи само за да се дојде до ова, е неуспех речиси невозможен да се разбере.

Гледајќи со децении како се третираат  авганистанските бегалци - некои од најспособните луѓе во светот -  е болно. Знаејќи дека да ги има алатките и почитта, многу би направиле за себе. И запознавање со толку многу жени и девојки кои не само што сакаа образование, туку и се бореа за таа кауза.

Како и другите кои се посветени на ова, јас нема да отстапам. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ми се придружите“, вели Џоли.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

 

Објавено:
22 август 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.107 пати