Анџелина Џоли прекрасна во бел фустан на преклоп

24 ноември 2018

Познатата актерка Анџелина Џоли уште еднаш освои со стајлингот во кој се појави на хуманитарен настан во Лондон заедно со грофицата Софи од Васекс.

Овојпат, таа одбра бел свилен фустан на преклоп од колекцијата на Ралф и Русо, а истиот го комбинираше со тантелна ноќница одоздола и впечталив бел ремен на половината.

За да се заштити од студот, таа изгледот го надополни и со елегантен црн капут и високи потпетици во златна нијанса.

Како и секогаш, нејзината шминка и фризури беа совршени со акцент на црвениот кармин кој често е нејзиниот прв избор за јавни настани.

Инаку, двете прекрасни дами беа дел од хуманитарен настан, односно филмски фестивал во Лондон каде два дена ќе бидат прикажувани филмови, а организирани се и работилници и едукативни часови се со цел заштита на жртвите од сексуално насилство.

Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
24 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.447 пати