Анџелина Џоли во фустан што ги спојува сите генерации и вкусови

29 мај 2023

Минималистичкиот стил што го практикува Анџелина Џоли, многу често е пример во кој се препознаваат жени од различни генерации, токму поради неговата универзалната естетика.

Деновиве беше фотографирана во Њујорк, во модно издание кое ги спојува преференциите и вкусовите независно од возраста.

Се работи за макси плисиран фустан во бела боја, во лежерен крој, модел флексибилен во однос на прашањето за комбинирање со другите парчиња од гардероберот.

Истовремено, во неговиот дизајн се пресретнуваат елеганцијата и удобноста, па ги задоволува критериумите на многумина.

Плисе фустаните ова лето се враќаат во модниот фокус, па покрај моделот што го носи Џоли во комбинација со блејзер во нежна беж нијанса, издвојуваме уште неколку за инспирација.

 

 

Објавено:
29 мај 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.081 пати