Ангелите на Викторија на насловните на магазинот 10

2 февруари 2015

Модниот магазин 10, кој излегува два пати годишно, за насловните страници на следната своја публикација за сезоната пролет-лето 2015 ангажираше 12 ангели на брендот за долна облека, Викторија сикрет.

Во новото издание кое е закажано да излезе во продажба на 5-ти февруари, секоја од дванаесетте насловници е во тотално уникатен фазон, се разбира во фокусот на вниманието е еден од ангелите на Викторија, а сите фотографии ги потпишува маестралниот фотограф Ник Најт.

Џордан Дан, Кендис Свонпул, Џоан Смолс се дел од девојките кои со целиот свој сексапил носат една нова современа димензија на пин-ап девојките.

 

 

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Сцена