Ангелите на Викторија не можеа да ја сокријат возбудата од шоуто што им претстои за време на патувањето во луксузниот авион што ги одведе до градот на светлината.

Тие слетаа во Париз сосема во нивен стил, посекси од кога и да е. На веќе познатите ангели меѓу кои и Алесандра Амбросио, Адриана Лима, Лили Олдриџ, Џоан Смолс и други им се придружија и новите лица како Кендал Џенер, Џиџи и Бела Хадид, Марта Хант и уште многу други шармантни девојки.

За време на патувањето тие направија огромен број на фотографии и видеа кои ги преплавија социјалните мрежи, а тимот на брендот направи и едно официјално кое наскоро ќе може да го видиме во целост.

Облечени во бели панталони, тесни маички и црни бомбер јакни, моделите позираа во хотелот каде се сместени во нивен стил – насмеани, секси и секогаш позитивни.

Инаку, ангелите се подготвуваат за спектакуларното шоу што ќе се одржи на 30 ноември, а истото ќе биде прикажано на петти декември.

Како и секоја година, така и оваа, се очекува ова да биде едно од најспектакуларните шоуа на кое оваа година ќе настапат светските ѕвезди како Лејди Гага, Бруно Марс и The Weeknd.

Токму Лејди Гага беше првата која пристигна во Париз за да се подготви за спектаклот, а таа предизвика подеднакво внимание како и прекрасните ангели.

Оваа година шоуто ќе помине без Бехати Принсло и Кендис Сванпул кои неодамна ги родија своите први дечиња, па сега мора да се посветат целосно на улогите на мајки.

Додека го чекаме спектакуларното шоу за прв пат во градот на светлината, погледнете како ангелите беа пречекани и како се подготвуваат за истото.

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.231 пати