Арчи е главен на празничната честитка од Меган и Хари

24 декември 2019

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, односно Војводата и војвотката од Сасекс вчера на социјалните мрежи ја упатија својата празнична честитка до народот.

И овој пат одбраа да биде семејна, а нивниот седуммесечен син Арчи е главен на фотографијата. Тој гледа во апаратот и е во преден план, додека Меган и Хари се во позадина и насмеани.

@sussexroyal_hm;  

„Ви посакуваме среќен Божиќ и среќна Нова година. Од нашето семејство до вашето“, се вели во честитката, која многумина ја опишаа како топла и полна со љубов.

За потсетување, минатата година, Меган и Хари ги честитаа празниците одбирајќи фотографија од нивниот приватен албум. Се работеше за момент од свадбата кој никој претходно не го видел, па беше вистинско изненадување.

@kensingtonroyal

Нивните две честитки се доказ како за една година работите можат да се сменат :).

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.414 пати