БАФТА награди: Говорот на Бред Пит, триумфот на драмата „1917“ и падот на Ал Пачино

3 февруари 2020

Во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, вчеравечер бпо 73 пат се доделија наградите кои ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).

И кога се токму наградите во прашање, воената драма „1917“ триумфираше, освојувајќи вкупно седум признанија - за најдобар филм, најдобар британски филм, најдобар режисер и најдобра кинематографија, исто како и награда за најдобар продукциски дизајн специјални ефекти и за најдобар звук.

За вас што можеби сè уште не сте го гледале, се работи за остварување кое раскажува приказна за двајца војници на специјална мисија во текот на Првата светска војна. Филмот е номиниран и за „Оскар“ и тоа во вкупно 10 категории.

„Џокер" освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобар актер, која отиде во рацете на Хоакин Феникс, додека за најдобра актерка беше прогласена Рене Зелвегер.

Во категориите за најдобри споредни актери триумфираа Лора Дерн и Бред Пит. Ова претставува прв пат по 1977 година кога сите БАФТА награди за актери ги добиваат Американци.

Инаку, наградата на Бред Пит, во негово име ја зема неговата колешка Марго Роби, која го прочита и говорот кој тој го подготвил, а кој предизвика смеа во салата.

„Хеј Британија, слушнав дека само што стана „синг“. Добредојде во клубот. Ти посакувам сè најдобро околу  спогодбата за развод. Ја именувам оваа награда „Хари“, бидејќи навистина сум возбуден што ќе ја вратам во САД со мене. Негови зборови, не мои“, се пошегува Роби додека ја читаше неговата шега, која ги насмеа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. 

Јужнокорејскиот „Паразит" е победник во категориите за најдобро оригинално сценарио и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

„За Сама" е прогласен пак, за најдобар документарен филм.

Но, освен наградите, Ал Пачино успеа да го привлече вниманието благодарение на мала незгода. Имено, актерот се сопна на црвениот килим, а неговата партнерка му помогна да се крене на нозе. И покрај незгодната ситуација, Пачино со насмевка ги поздрави присутните и новинарите, покажувајќи дека сè е во ред.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ...CinemaGeek... (@cinemageek) onFeb 2, 2020 at 2:34pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Film Pusulası (@filmpusulasi) onFeb 2, 2020 at 9:01pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TheInsider.Az (@insider.az) onFeb 2, 2020 at 11:44pm PST

 Кога е црвениот килим во прашање, имаше неколку навистина гламурозни појавувања, вредни за внимание.

Шарлиз Терон изгледаше фантастично во виолетов фуста на „Диор“, додека пак Марго Роби имаше црна креација со впечатлив израз кај грбот, а која ја потпишува „Шанел“.

Рене Зелвегер изгледаше фантастично во сведена и минималистичка креација направена специјално за неа од модната куќа „Прада“, а Емилија Кларк блесна во креација на модната куќа „Скијапарели“.

Како изгледаа останатите погледнете во продолжение:

Alice Eve /Ralph & Russo

Alice Eve /Ralph & Russo

Daisy Ridley / Oscar de la Renta

Ella Balinska /Giambattista Valli

Florence Pugh / Dires Van Noten

Jodie Turner / Gucci

Kaitlyn Dever / Miu Miu

Laura Dern / Valentino

Lily Rose Depp / Chanel

Naomi Ackie /Valentino

Naomie Harris / Michael Kors

Olivia Colman / Alexander McQueen Resort

Renee Zellweger / Prada

Rooney Mara / Givenchy

Saorise Ronan / Gucci

Scarlett Josansson /Atelier Versace

Scarlett Josansson /Atelier Versace

Zazie Beetz/ Marina Moscone

Zoen Kravitz / Saint Laurent

Al Pacino

Andrew Scott

 Lady Harvey  

Gilian Anderson

Greta Gerwig

Објавено:
3 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.258 пати
Тагови: 
БАФТА 2020