BAFTA TV Awards: Најинтересните и најоткачени креации од црвениот килим

8 јуни 2021

Британската академија на филмските и телевизиски уметности ги додели тв наградите на церемонија со ограничен број луѓе, кои мораа да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19, а дел од учесниците се вклучуваа и онлајн.

Фокусот оваа година беше на различноста, актуелните теми околу расата, сексуалното злоставување и правата на малцинствата.

Кога се во прашање наградите, доминираше Микаела Коел, со серијата „I May Destroy You“. Меѓу најголемите изненадувања е тоа што серијата „The Crown“ немаше ниту една освоена награда, како и „Brigerton“.

Микаела Коел во креација на „Максимилијан“

А еве ја и листата на наградени:

Најдобра актерка во главна улога – Микаела Коел, I May Destroy You

Најдобар актер во главна улога – Пол Мескал, Normal People

Најдобра споредна женска улога – Раки Ајола, Anthony

Најдобра споредна машка улога – Малачи Кирби, Small Axe

Најдобра машка улога во комедија – Чарли Купер, This Country

Најдобра женска улога во комедија – Ејми Лу Вуд, Sex Education

Најдобра драма – Save Me Too

Најдобра мини серија – I May Destroy You

Најдобро сценарио за комедија – Софи Вилан, Alma's Not Normal

Најдобро сценарио за драма  –Микаела Коел, I May Destroy You

 

Што се однесува до црвениот килим, имаше мошне интересни, но и откачени креации, како и по неколку досадни.

Хелена Бонам Картер е секогаш интересна, а овој пат се појави во точкаст фустан на „Долче и Габана“, внесувајќи со своето појавување, забава и драматичност.

Актерката Заве Ештон исто така имаше интересно појавување во широка долга креација од брендот „Зимерман“.

Голда Рошевел, која ја гледаме како кралицата во „Бриџертон“ се појави во несекојдневна креација и мошне интересна, зад која се потпишува Симон Роша.

 

Меѓу нашите фаворити е и Летиција Рајт која носеше елегантна креација од брендот „Прада“. Овој кошула фустан во едноставен крој, во горниот дел е украсен со везена монистра, така што нема шанси да не го забележите и покрај црната нијанса и едноставниот крој.

 

Црната беше изборот и на Клаудија Винклмен, уште еден моден погодок со црната долга пелерина со реси од монистра. Едноставно, а мошне ефектно.

 

Ѕвездата на „Бриџертон“, младата Никола, се истакна со креација од „Валентино“ во корална нијанса, која иако широка ѝ прилегаше и во комбинација со розовите потпетици и силната шминка на очите навистина покажа дека не стравува од боите и дека добро ги носи.

 

Едно од промашувањата на вечерта е Били Пајпер, која носеше креација од „Москино“, но не умееше да ја носи и изгледаше тотално како излезена од друга деценија.

 

Ејми Лоу Вуд одбра нежна цветна креација од брендот „Миу Миу“, веќе виден, но сепак фин моден избор.

 

Една од креациите за кои не сфативме како точно треба да се носат и со која порака се онаа во смарагдно зелена нијанса која ја носеше drag queen Бимини Бон Боулаш.

 

А еве како изгледаа и другите гости:

Џоди Комер

Џесика Пламер

Лидија Вест

Роуз Матафео

 

Објавено:
8 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
319 пати