Лопез и Ентони имаат долга историја позади себе која трае веќе 20 години. Во 1990 стануваат пријатели кога Џенифер Лопез почнува да ја гради својата музичка кариера.Во 1999 го снимаат хитот „No Me Ames“ кој станува ултра голем хит и е на врвот на сите светски топ листи.
Оваа година латинските Греми награди ќе останат запаметени по спектакуларниот настап на Џеј Ло и Марк Ентони во чест на наградата која тој ја доби оваа година за личност на годината.
Настапот е полн со емоции, енергија која зрачи, а самата Лопез која ќе му ја додели наградата ќе изјави: Тој е мој ментор, пријател, татко на моите деца, моја љубов.
Публиката френетично ќе почне да извикува „Бесо,бесо “, алудирајќи да се бакнат.
Латинските Греми награди се одржаа во Лас Вегас, а на сцената настапија најзначајните латиноамерикански ѕвезди, додека преносот го гледаа преку три милиони гледачи.
Но, бакнежот веројатно ќе влезе во историјата на овогодинешните Греми награди .