Балканот се збогува со Аки Рахимовски: Си отиде најдобриот, мајсторот за емоции

22 јануари 2022

Си замина Александар Рахимовски - Аки, човек со глас кој се препознава меѓу илјадници други. Малкумина имаат таква дарба да бидат препознаени, слушани и сакани, како што тоа беше Аки со групата „Парни Ваљак“ кои твореа заедно повеќе од три децении.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak)

 

Балканот денеска се збогува со него. Велат, си замина најдобриот, си замина учителот, си замина мајсторот за емоции.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Ако макар еднаш сте присуствувале на нивен концерт или свирка, тогаш јасно ви е за каква енергија и комплетно давање на сцената се работи. Од неговата живост додека настапува, ви оди да се подзасрамите, како многу помлади од него.

Роден е во Ниш, на 5.6. 1955 година, но многу бргу семејството се сели во Скопје. Неговите корени се тука, па многу од скопјаните од таа генерација ги паметат деновите поминати со него. 

Татко му бил професор по музичко, па не изненадил фактот што уште на седумгодишна возраст тргнува во музичко училиште. Учел клавир и пеење. И од таа прва средба, до крајот, нема да се раздели од музиката. Во детските денови играл и фудбал во „Вардар“, но спортска повреда ќе го спречи да се занимава професионално со фудбал, па тогаш музиката дефинитивно станува избор број еден.

Преку 15 албуми, стотици хитови, фантастични мелодии и стихови, кои можеби и не би биле така пеени и живи да не ги испееше токму тој, со неговиот песочен глас, со неговиот специфичен изговор, со неговата емоција.

 Пред две години стана татко на ќеркичка, а од претходниот брак има уште две деца.

Неговиот менаџер соопшти дека утрината му се слошило и веќе следното јавување ја дознал тажната вест. Аки пред неколку години имаше и мозочен удар, од што успеа да закрепне и да ѝ се врати на музиката.

Слава му и му благодариме за песните преку кои стана дел од нашите животи!

 

 

 

 

 

Објавено:
22 јануари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
610 пати