Бекамови летуваат на Свети Стефан

16 јули 2018

Светските, а и регионалните медиуми викендов ја објавија веста дека познатото семејство Бекам летува во Црна Гора.

Тие во петокот пристигнале на аеродромот во Подгорица, а одморот всушност ќе го поминат на Свети Стефан.

фото: www.discover-montenegro.com/sveti-stefan/

Веќе се појавија и првите папарацо фотки, а на Инстаграм и првите видеа од тоа како ужива семејството.

На дел од фотографиите се гледа како Викторија ужива на плажа, во сосема лежерно издание, со едноставна црна маица, качкет, сосема ненаметливо и опуштено.

Со оглед дека ова е главна вест деновиве во регионалните медиуми, сигурни сме дека секојдневно ќе излегуваат нови фотографии и вести, но дотогаш, погледнете ги овие во продолжение:

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.763 пати