Бекамови во елегантно издание на црвен килим во Монако

31 август 2018

Викторија и Дејвид Бекам важат за една од најстабилните двојки во шоу-бизнисот, но за разлика од порано, нивните заеднички појавувања на настани се навистина ретки.

Токму затоа, нивното појавување вчера во Монако, на доделувањето на наградата на Европската фудбалска федерација (УЕФА), а за време на ждрепката за Лига на шампионите, предизвика големо медумско внимание.

Модно усогласени, тие покажаа апсолутна доминација на црвениот килим. Викторија одбра црн коктел фустан, во горниот дел со V- израз, зад чиј дизајн стои токму нејзината модна куќа, а го искомбинира со црни сандали на висока потпетица со ремчиња. Изгледот го комплетираше со дискретно ланче со смарагдно камче. 

 

Од друга страна, Дејвид ѝ парираше во црно класично одело, кое совршено му прилега. Инаку, токму 43-годишниот поранешен фудбалер на „Манчестер Јунајтед“ беше добитникот на таканаречената претседателска награда на УЕФА, како „признание за неговите достигнувања во фудбалот, професионалноста и лични квалитети што служат за пример на останатите“.

Со награда си замина и хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Европа.

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onAug 30, 2018 at 12:19pm PDT

 

 

фото извор: eonline.com; popsugar.com; instagram.com;

Објавено:
31 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
859 пати
Извор: 
eonline.com