„Бекстрит бојс“ ја испеаја „I want it that way“ од нивните дневни соби

31 март 2020

Оние што растеа во 90-тите, знаат колку беа популарни „Бекстрит бојс“. И покрај тоа што веќе не се во екот на славата и популарноста и во меѓувреме дојдоа „некои нови деца“, сепак нивната изведба на хитот „I want it that way“ од нивните дневни соби, односно домови, привлече големо внимание.

За неколку часа видеото, зад кое се потпишува мрежата „FOX“, има повеќе од милиони прегледи и илјадници коментари.

 Во меѓувреме, изгледа се сменила само фризурата на Ник Картер. Повеќе ја нема популарната „тетратка фризура“, сега косата му е стилизирана нагоре.

Шега на страна, звучат исто добро, малку се остарени, но нè потсетија на време кога бевме апсолутно безгрижни.

Инаку, нивната изведба е дел од концертот на Елтон Џон „The iHeart Living Room Concert for America“., кој покани и други познати изведувачи, меѓу кои и Мараја Кери, Били Ајлиш и Алиша Киз, да пеат за хуманитарни цели од нивните домови, односно дневни соби, а донациите што ќе се соберат за време на концертот во траење од еден час, ќе бидат наменети за помош на погодените семејства од коронавирусот.

Погледнете и дел од останатите изведби и учесници:

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
31 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.034 пати
Тагови: 
Бекстрит Бојс